Најдобриот стрелец во НБА го пропушта остатокот од сезоната?

439

Иако Филаделфија 76ерс официјално не ја објави веста, некои американски медиуми пренесуваат дека лесно може да се случи Џоел Ембид, најдобриот кошаркар на овој тим да не игра до крајот на актуелната сезона.

Ембид се повреди на мечот со Голден Стејт, повредено му беше левото колено, а дополнителните тестови покажаа сериозно оштетување на него. Медицинскиот штаб на Филаделфија и самиот 29-годишен кошаркар во моментов размислуваат за две опции, одмор и операција.

Филаделфија официјално објави дека Ембид штотуку го повредил менискусот на левото колено и моментално е надвор од терените, додека американските медиуми наведуваат дека треба да се донесе официјална одлука и дека е можно центарот да оди на операција.

Доколку оди на операција, Ембид дефинитивно испаѓа од трката за најкорисен играч во лигата, МВП. Филаделфија моментално е со 30-18 на петтото место во поредокот на Источната конференција. Ембид оваа сезона има просек од 35,3 поени, 11,3 скока и 5,7 асистенции по натпревар.

Претходно„Скај Спорт“ го прогласи Миовски за играч на мечот: Бев сигурен дека можеме да дадеме гол (ВИДЕО)
СледноБаер се помири за Алонсо, веќе го пикираше и неговиот наследник