Пелистер во драматична завршница загуби од Сутјеска во „балонот“ во Нови Сад

79

Кошаркарите на Пелистер се поразени од Сутјеска со 79:78 во „балонот“ во Нови Сад во рамките на АБА 2 лигата. Кошаркарите на Дарко Радуловиќ имаат за што да жалат затоа што можеа да слават победа затоа што последната минута влегоа со поен негатива и промашија за триумф. Даишот Најт не успеа да постигне кош и битолчани загубија.

На полувреме црногорскиот тим водеше со 45:41, по третата четвртина разликата беше 65:57. Во финишот Пелистер заигра подобро стигна до можност за пресврт но не успеа.

Андреј Магдевски беше најефикасен на мечот со 17 поени, додека „дабл-дабл“ ефект имаше Јуре Планиниќ со 15 поени и 12 скокови.

 

ПретходноВелеше: „Подобро да се родам девојче отколку да играм за нив“, а сега е капитен таму
СледноНово разочарување за Лука Модриќ