Пелистер го закажа дербито со Вардар за 10. февруари!

268

По пауза, следниот викенд се враќа ракометот во домашниот шампионат. Овој пат на распоред се плеј-оф и плеј-аут мечевите во Супер-лигата. Битката за титулата почнува со дерби, Пелистер е домаќин на Вардар. Актуелниот македонски првак мечот го закажа за 10. феверуари со почеток во 18 часот. Билетите за оваа средба фановите на Пелистер ќе можат да ги купуваат од утре.

„Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер ги информира своите симпатизери, навивачи и љубители на ракометот дека од понеделник (5 февруари 2024 година) во 12:00 часот започнува продажбата на поединечните билети за натпреварот од првото коло на плеј-офот на Суперлигата меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961. Натпреварот ќе се одигра в сабота (10 февруари 2024 година) во 18:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

– Поединечните билети по цена од 200 денари (странични места на трибините) и 250 денари (централни места на трибините) ќе се продаваат во DIMPO Тобако и преку интернет продажба – https://kartieurofarm.mk/
– Сопствениците на сезонските билети имаат обезбедено место на трибините.“, се вели во известувањето на Пелистер.
Во плеј-офот, Вардар и Алкалоид влегуваа со максимални три бода, додека пак Пелистер пренесе само два.
ПретходноАтанасов: Го сочувавме најдоброто за крај!
СледноУтре почнува судењето на Дани Алвеш, му се заканува затвор од 12 години!