Покетино им се извини на навивачите: Не сме добри, тоа е реалноста

284

Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино по поразот на неговиот тим од Вулверхемптон со 2:4 им се извини на навивачите.

„Сите не бевме доволно добри. И јас исто така. Ова е реалноста. Ова што го прикажавме денеска не е доволно добро. Во моментов не ја исполнуваме амбицијата на клубот. Она што можеме да го кажеме е да им се извиниме на навивачите. Перцепцијата е едно, но реалноста е друго. Сите веруваат дека Челзи треба да биде на друго место на табелата, но околностите се такви какви што се. Можеби не сме доволно добри“, изјави Покетино.

По денешниот пораз Челзи падна на 11. место во поредокот на англиската Премиер лига за сезоната 2023/2024.

ПретходноЕгипет го отпушти Руи Виторија
СледноГостивар немаше сили да го изненади Феникс 2010