Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски запиша нов погодок во дресот на Абердин, тој беше назаслужен за ремито против Селтик (1-1) во рамките на шкотската Премиер-лигата. Токму по неговиот нов одличен погодок беше прогласен за играч на натпреварот од страна „Скај Спорт“.
„Чувствував дека може да постигнам гол. На полувреме им кажав на соиграчите дека може да дадеме гол и да стигнеме и до победа. Успеавме да му дадеме гол на Селтик, имавме шанси и за победа, но секако може да бидеме задоволни со бод“, изјави Миовски.
🗣️ “It’s been a hard week. We’re devastated we lost a manager of course but I think after that, speaking with the coaches, it was about going for it today.”
Graeme Shinnie and Bojan Miovski reflect on Aberdeen’s draw against Celtic 🔽 pic.twitter.com/jkWoeJb22F
— Sky Sports Scotland (@ScotlandSky) February 3, 2024