Тројка на Јакимовски со звукот на сирената, коментаторите во „транс“: Скопје, Крива Паланка…(ВИДЕО)

5687

Андреј Јакимовски и неговиот Вашингтон Стејт дојдоа до важна победа, после продолжение го совладаа Вашингтон со 90-87. За тимот на македонскиот репрезентативец ова беше 16-та победа, со скор од уште шест порази се наоѓа на второто место на табелата во Пцифик 12 во НЦАА-лигата.

Јакимовски и овој пат имаше забележителен настап. Во центарот на вниманието се најде неговата тројка со звукот на сирената пред одморот за 44-40. И самите коментатори беа воодушевени од неговиот шут, па го споменаа Скопје и Македонија, а потоа и неговиот роден град Крива Паланка истакнувајќи ги убавините кои ги има во овој македонски град.

Овој момент можете да го видите ТУКА. 

На крајот Јакимовски зад своето име запиша 13 поени од кои три тројки, а за 42. минути во игра додаде уште пет скока и една украдена топка.

ПретходноПелистер и МЗТ Скопје по перфекција во Нови Сад
Следно„Скај Спорт“ го прогласи Миовски за играч на мечот: Бев сигурен дека можеме да дадеме гол (ВИДЕО)