Утре почнува судењето на Дани Алвеш, му се заканува затвор од 12 години!

248

Судењето на поранешниот репрезентативец на Бразил и ѕвезда на Барселона, Дани Алвеш, кој беше обвинет за силување, ќе се одржи на 5 февруари.

Според изворот, судот во Барселона резервирал три седници, од 5 до 7 февруари за да му изрече казна на фудбалерот. Обвинителството бара фудбалерот да биде осуден на девет години затвор и отштета во износ од 150 илјади евра на жртвата. Меѓутоа, жалбата поднесена од жртвата ја зголеми затворската казна на 12 години.

Во јануари Дани Алвеш беше обвинет за силување на 23-годишна девојка во ноќниот клуб Сатон во Барселона.

ПретходноПелистер го закажа дербито со Вардар за 10. февруари!
СледноЕгипет го отпушти Руи Виторија