Велинген со фантастичен скок во втората серија победи пред домашната публика

128

Со одличен скок во втората серија, Германецот Андреас Велингер победи на скокалницата во Вилинген, пред своја публика, во ракимте на Светскиот куп во скијачки скокови.

Велингер во вториот скок прелета и до 149 метри и од седмата позиција по првата серија стигна до триумф.

Јапонецот Риоју Кобајаши заврши на второто место, со два бода помалку од Германецот. Неговите скокови беа 144,5 и 146 метри.

Швајцарецот Грегор Дешванден со 231,8 поени на крајот заврши како трет.

Во генералниот пласман води Австриецот Штефан Крафт со 1129 бодови.

ПретходноМладинците на Струмица гости на академијата на полски Јастржебски
СледноГати со автогол го реши Дербито на Италија, Интер ја зголеми предноста на врвот