Стеф Кари одигра неверојатен натпревар и по втор пат во кариерата постигна најмалку 60 поени. Тој остана на два поени помалку од неговиот личен рекорд во НБА. И покрај чудесниот резултат неговиот Голден Стејт беше поразен по продолжение од Атланта со 141:134.
Кари постигна 22 поени во последната четвртина, а во продолжението додаде уште осум поени на вкупно 11-те поени на Вориорс. И покрај неговите напори, поразот беше неизбежен. Голден Стејт е на десеттото место во Западната конференција со скор од 21-25.
Ѕвездата на Вориорс стана само вториот играч во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот кој постигнал 60 или повеќе поени на еден натпревар. Единствениот кој го направи тоа пред него беше Коби Брајант, кој својата НБА кариера ја заврши со 60 поени. Ги постигна во април 2016 година, на неговиот последен натпревар, на возраст од 37 години и 234 дена. ЛА Лејкерс таа вечер ја победија Јута Џез со 101:96.
Сите навивачи на Лука Дончиќ останаа запрепастени по шест минути игра на мечот меѓу Далас и Милвоки. Словенецот влезе во дуел со Јанис и го извлече подебелиот крај.
Looks like a lateral/inversion ankle sprain for Luca Doncic
Didn’t like his knee position here either pic.twitter.com/4VButtglsg
— Dr. Evan Jeffries, DPT (@GameInjuryDoc) February 4, 2024
Словенецот ја повреди десната нога, куцајќи се упати кон соблекувалната, а прашање беше дали воопшто ќе го продолжи мечот, но на задоволство на сите брзо се врати.
Словенецот имаше низа феноменални потези. Погоди и тројка од околу 10 метри. Тој беше видно расположен за игра, но тоа не беше доволно за неговиот тим. Милвоки славеше со 129-117.
LUKA DONCIC FROM THE LOGO 😳pic.twitter.com/NxdOhxEhXI
— ClutchPoints (@ClutchPoints) February 4, 2024
Дончиќ го заврши мечот со 40 поени и 11 скока, но Мавси ја загубија најголемата предност сезонава и тоа особено го боли овој кошаркар. Му недостигаше и една асистенција за трипл-дабл. На другата страна, Јанис Адетокумбо запиша 48 поени, Лилард застана на 30 поени.
На останатите средби, Филаделфија беше поразена од Бруклин со 121-136 на домашен терен, Сакраменто славеше кај Чикаго со 123-115, ЛА Лејкерс победи против Њујорк со 105-113 на гости, Кливленд беше подобар од Сан Антонио со 117-101.