МЗТ Скопје ја доби драмата со Војводина за перфекција во Нови Сад (ФОТО)

166

МЗТ Скопје запиша победа на последниот меч на турнирот во Нови Сад. Актуелниот македонски првак го совлада домаќинот, Војводина со 89-84 и го запиша седмиот триумф оваа сезона. „Сино-белите“ одиграа добро во првото полувреме, а потоа застанаа, но во финишот имаа среќа, ја добија драмата која сами ја приредија за перфекција на овој турнир и чекор напред на табелата. Сега нашиот тим има 17 бодови исто колку и Војводина и Широки Б.

Баковиќ со 17 поени беше лидерот и клучниот играч на МЗТ Скопје на оваа средба. Војдан Стојановски постигна 13 поени, Делалиќ имаше еден помалку.

Одлично прво полувреме за македонскиот првак, постигна 11 тројки од 18 обиди. Дуелот почна изедначено, по што МЗТ Скопје со серија од 11-0 поведе со 19-8. Најголемата позитива во овој период беше 24-10. На стартот на втората четвртина избраниците на Васко Атанасов имаа плус 15 (27-12),  па 42-27. Војводина која е домаќин на овој турнир никако не успеваше посериозно да се закани, бидејќи секоја обид на другата страна беше уништен со тројка. На одморот резултатот беше 54-22.

Сликата се промени. Четири поени во само шест минути игра за МЗТ Скопје во третата четвртина, на голема среќа на другата страна ниту Војводина не блескаше, промаши слбодни фрлања, направи бројни чекори, да беше поснаодлива многу порано ќе го загрозеше водството на македонскиот тим и ќе направеше пресврт. На домаќинот ова му успеа во самиот финиш кога дојде на 62-59.

Од двоцифрената позитива, МЗТ Скопје во решавачките десет минути влезе со предност од само четири поени (65-61). Серија од 5-0, српскиот тим се врати целосно во мечот, поведе после долго време, беше 65-66 во 31. минута. Од овој момент почна драмата, водството се менуваше.

На пет минути до крајот повторно проработе шутот за три поени, Делалиќ, Баковиќ и Дамјан го вратија МЗТ Скопје на плус пет (78-73). Сепак ова не беше гаранција за сигурен триумф, македонскиот првак одеше по тенка линија. Тројка и две слободни фрлања ја вратија Војводина на 81-82 во 38. минута.

Баковиќ со два поени и банана, а потоа Расел со тројка зголемија на 86-84. Војводина врати на 86-84, остнаа 15 секунди, Баковиќ погоди важни поени за 88-82 и тука веќе беше јасно кој ќе победи.

ПретходноАталанта незапирлива, го преслуша и Лацио (ВИДЕО)
СледноАтанасов: Го сочувавме најдоброто за крај!