Откако ги одигра сите 90 минути во победата на Реал од 2:0 против Гетафе во последното коло за да стави крај на серијата од два последователни првенствени натпревари кои ги помина на клупата, Лука Модриќ нема да биде во почетниот состав на неговиот тим за градското дерби со Атлетико. Ова го најавува Ас заедно со прогнозата на стартниот тим на Реал пред натпреварот, кој може да биде одделен со четири бода во однос на второпласираната Џирона.
“Многу е тешко да се остави таква легенда на клупата за резервни играчи. Можам само да му се заблагодарам за се што направи откако сум во клубот. Тоа навистина ме погодува, тешко ми е”, изјави тренерот на Реал, Карло Анчелоти.
Ас наведува дека Тони Крос и Едуардо Камавинга ќе бидат во средниот ред за денешното дерби (21 ч.), додека Федерико Валверде и Џуд Белингем ќе ги заземат преостанатите, странични позиции во средниот ред, зад Винисиус Јуниор и Родриго. Тоа го турка Модриќ на клупата“, заклучува Ас.