Шкотскиот премиерлигаш Абердин е во потрага по нов тренер по отказот на Бери Робсон. Тимот за кој игра и Бојан Миовски бара тренер кој ќе ја подобри ситуацијата во екипата, а во потесниот избор е и ветеранот на британскиот фудбал Нил Ворнок, пренесува Скај спортс.
Тренерот кој има 75 години, во февруари минатата година се врати од пензија за да му помогне на Хадерсфилд и го напушти на крајот на септември, е на списокот на кандидати за привремен менаџер на Абердин до крајот на сезоната. Ворнок во кариерата водеше бројни англиски и велшки клубови, а меѓу попознатите се Лидс Јунајтед, Кристал Палас, КПР, Кардиф, Олдам, Мидлсбро, Плимут…
Другите кандидати се Нил Ленон, Џек Рос и Алекс Нил. Во саботата против Селтик (1:1) тимот го предводеше Питер Левен.
Абердин е на осмото место на табелата, два бода од топ 6.