Во Вардар не е затворен списокот за нови фудбалери

1343

Во завршна фаза се подготовките на Вардар во Анталија каде екипата останува до 7 февруари. Тренерот Горазд Михаилов и фудбалерите минутаат одлични моменти, а имаат и перфектни услови за работа преку кои екипата треба да дојде до посакуваната форма за стартот на пролетниот дел од сезоната кој е закажан за 18 февруари и гостувањето кај Гостивар.

Зимава „црвено-црните“ беа активни на пазарот и добро се засилија со неколку фудбалери од кои се чини дека барем засега Маријан Ристовски – Швајц е полн погодок. Тука се и новите странци Мујазиновиќ, Шушнара и стоперот Ѓуриќ кој е ровит и имаше неколку дена пауза. Од она што го дознаваме не е исклучена можноста Вардар да се засили со уште едно ново име, клубот е во преговори клубот со играчи кои имаат дефанзивни позиции.

ПретходноВо Реал ги загубија нервите, оштетени се за три пенали
СледноАнчелоти: Не сум загрижен, не треба да се обвинуваме!