Трет меч во Анталија и трета победа за Шкендија. По Динамо Батуми и Варта Познањ, денеска четата на стратегот Јетон Беќири славеа во пријателски меч и против Лиепаја (Летонија) со 1:0. Стрелец на победничкиот гол беше новакот Роналдо Вебстер, кој уште веднаш покажа дека ќе биде големо засилување за тетовци.
Со оглед на резлтатите во текот на овие подготовки, Шкендија ветува голема битка за титулата во пролетниот дел со шампионот Струга ТЛ и со Шкупи, во секој случај ќе биде супер интересно.