Селекторот Грчевски го објави поширокиот список за дуелите со Шпанија!

220

Селекторот на македонската репрезентација, Кристијан Грчевски денеска го објави поширокиот задолжителен од 35 ракометарки од кои ќе биде селектиран составот на играчи со кои Македонија ќе ги одигра двата следни квалификациски натпревари на кои противник ќе ни биде селекцијата на Шпанија.

Сениорките прво ќе оддиграат натпревар на домашен терен во СЦ Борис Трајковски на 29.02 во 18:00 часот , а потоа ќе гостуваат во Шпанија во градот Ланзароте. Натпреварот ќе се оддигра на 03.03 во 17:00 часот.

Македонија е на добар пат да избори пласман на ЕП, затоа што по две одиграни кола има две победи, над ривалите Азербејџан и Литванија со кои одново ќе играме на крајот на квалификациите. 
Две репрезентации од групата ќе се пласираат на ЕП, плус уште четири од вкупно осум третопласирани екипи. 

ПретходноШампионот се врати од Анталија, “генералката“ е со Тиквеш!
СледноМакедонија в четврток во Париз ќе ги дознае противниците во Лигата на Нации!