Менаџерот на Арсенал, Микел Артета не ја криеше својата еуфорија по победата сноќа против Ливерпул со 3:1 во дербито на Премиерлигата. Со тие три бода сега веќе е јасно дека „топчиите“ повторно се во игра за титулата. Има уште многу да се игра, но најважно за тимот од „Емирејтс“ најважнио е што покажа шампионски карактер:
“Голема, огромна победа. Победа со која се вративме во битката за титулата. Покажавме дека имаме победнички менталитет. Овој успех многу ни значи, посебно ако се знае дека Ливерпул веројатно е најдобриот тим во Европа“ истакна Микел Артета.