Не оди па не оди. Челзи оваа сезона е вистинско и најголемо разочарување. Фрлени се милијарди долари во последните преодни рокови, но ни под водство на Маурицио Покетино овој тим ихра катастрофално.
Токму затоа се почести се најавите дека Аргентимнецот наскоро ќе добие отказ, а кога е така, тогаш веднаш се шпекулира со неговите можни наследници.
Прв пик на газда Тод Боли бил Чаби Алонсо, стратегот на Леверкузен кој го бара цела Европа. Потоа тука е Чави Ернандез, па вечниот Жозе Мурињо кој веќе беше во неколку наврати менаџер на “сините“. Се шпекулира и со името на Мичел од Џирона како и на Томас Франк, менаџерот на Брентфорд.
Се најавува дека Покетино ќе добие отказ уште во среда, се разбира ако не слави во 1/4 финалето на ФА Купот на гости кај Астон Вила.