Гвардиола жестоко реагираше на пишувањата за Халанд

166

Во шпанските медиуми изглегоа бројни информации за незадоволството на Ерлинг Халанд во Сити. Тие гласини стигнаа до Пеп Гвардиола, кој остро ги демантираше.

“Што мислиш? Дека не сакаме Ерлинг да остане овде една деценија? Мислам навистина… Го сакаме во клубот долго, долго време. Ние сме заљубени во него. Ништо нема да се случи врз основа на една објава на Твитер, еден текст од новинар, но тоа ќе се случи кога Ерлинг ќе одлучи да го продолжи договорот или не, кога клубот ќе одлучи истото, кога ќе имаме потенцијални понуди итн“, вели Гвардиола и додаде:

„Ако некој го сака Ерлинг, тоа е едноставно. Јавете се на Сити и прашајте. Така правиме кога сакаме да донесеме некого. Не е ништо покомплицирано од тоа. Што се однесува до останатото – ако треба да коментираме за секоја вест од различни извори, никогаш нема да ја завршиме прес-конференцијата“, изјави Шпанецот.

Халанд се врати на теренот во мечот со Барнли по двомесечна пауза и опоравување од повредата.

„Не мислам на ситуацијата со нов договор, секогаш зависи од клубот и од самиот играч. Неговото влијание врз нашата игра беше неверојатно. Не знам што ќе се случи во иднина, но среќни сме што го имаме“, заклучи Гвардиола.

ПретходноКристијано Роналдо денеска го слави својот 39-ти роденден! (ВИДЕО)
СледноШампионот се врати од Анталија, “генералката“ е со Тиквеш!