“Десетката“ во Реал Мадрид е резервирана за Килијан Мбапе!

1177

Од ден на ден се повеќе е јасно дека оваа сезона е последна за Лука Модриќ во дресот на Реал Мадрид. “Кралевите“ немаат намера да му го продолжат договорот кој на Хрватот мну истекува во јуни или поточно да му понудат нов, а тоа значи дека тој може да си оди како слободен играч.

По ова имало мала дискусија меѓу играчите на Реал Мадрид кој ќе земе “десетката“ на Модриќ од јуни па натаму ако се знае дека таа бројка на дресот беше резервирана долги години за Хрватот.

Денешен “АС“ пишува дека кажано им е на играчите дека “десетката“ е веќе резервирана а на неа ќе стои името на Килијан Мбапе.

Интересно, тој дал согласност да ја носи “десетката“ ако се знае дека “седумката“ ја носи Винициус Жуниор.

Претходно“Бомба“ од Лондон: Покетино добива отказ, кандидати за клупата на Челзи се Чаби Алонсо, Чави, вечниот Мурињо, Мичел….
СледноВардар поразен од У-21 Луцерн во Анталија!