Динамо не го пријави Адеми за Европа само за да не им плаќа бонуси на Кинезите!

410

Чудна, по малку неверојатна одлука која ги запрепасти и разгневи сите фанови на Динамо Загреб по одлуката на “модрите“ да не сметаат на капитенот Аријан Адеми напролет во Европа. Имено македонскиот репрезентативец не е пријавен за настапот во Лигата на Конференции.

А причината е таа што Динамо Загреб не сака да им плаќа бонуси на Кинезите, односно на некогашниот клуб на Адеми, Пекинг Гуан.

За прекинот на договорот на Адеми раководството на Динамо плати 300.000 евра, но ќе мора да плаќа многу повеќе, дури и милионски суми ако капитенот ако на 15 средби одигра повеќе од по 35 минути. Ако се знае дека досега Адеми играше на седум, едноставно Динамо не сака ја „троши“ оваа бројка. Имено според Динамо играчот за врска бил попотребен во домашниот шампионат каде се “брка“ титулата.

Ете тоа била причината зошто Адеми нема да игра оваа пролет во Европа, поточно во плеј – офот во ЛК против Бетис.

ПретходноВардар поразен од У-21 Луцерн во Анталија!
СледноЈуниорскиот репрезентативец Јован Милев прогласен за МВП на турнир во Полска