Ристевски и Тричковски во гол форма

241

Поранешниот македонски репрезентативец Иван Тричковски постигна нов гол во Кипарската Лига во вечерашниот натпревар против Апоел кој заврши 2:2. Тричковски во 76-тата минута го постигна вториот гол на натпреварот за изедначување 1:1. До крајот на натпреварот мрежите се тресеа уште двапати, а екипата на Тричковски избегна пораз со гол во 86-тата минута. Ова е шестти гол за Иван во кипарското првенство и неговата екипа се наоѓа на третата позиција на табелата.

Кире Ристевски исто така постигна погодок на вечерашниот натпревар помеѓу Ахна и Закакиу во Кипарската лига. Кире го отвори резултатот со гол во 4-тата минута и до крајот неговата екипата рутински победи со резултат 4:1. Ова е втор последователен гол за нашиот репрезентативен дефанзивец оваа сезона и може да се каже дека тој игра во одлична форма.

ПретходноДомаќините не дозволија изненадувања на стартот на плеј-аутот
СледноВодечката во спуст доживеа тешка повреда, оди на операција