Минаа три недели откако Жозе Мурињо доби отказ од Рома. Тој не криеше дека е шокиран по оваа одлука на раководството на Рома, но исто така не криеше дека се чуствува предаден од неговите довчерашни играчи кои не застанале во негова одбрана.
И кога е така, тогаш “специјалниот“ направил потег за паметење.
Имено по освојувањето на пехарот во Лигата на Конференции, играчите му подариле специјален прстен да се сеќава на тој нивни заеднички успех.
Сепак Мурињо при заминување од клубот од Рим, влегол во соблекувалната на Рома и во шкафчето на капитенот Лоренцо Пелегрини го оставил тој прстен.
Потег кој најмногу го отсликува карактерот на Португалецот.