Шампионот се врати од Анталија, “генералката“ е со Тиквеш!

424

По двонелниот престој во Анталија, каде фудбалерите на Струга ТЛ ја одработија најважната фаза од тековните подготовки, во саботата стружани се врати дома. И веднаш шефот на стручниот штаб Шпетим Дуро на играчите им даде два слободни дена, па така утре ќе се продолжи со тренинзи и подготовки за пролетниот дел кој стартува на 18 овој месец.

Во Анталија екипата на Струга ТЛ одигра три контролни меча, на еден одигра нерешено со Арка Гдањск, а во два наврати беше поразена од Оренбург и Лоѓ. Сепак поважно беше што сите играчи добија шанса да ги искажат своите квалитети и да му се наметнат на стручниот штаб.

До стартот на пролетната полусезона, фудбалерите на Струга ТЛ ќе тренираат во својот комплекс во Струга а последниот приојателски меч, односно “генералката“ пред стартот на полусезоната ќе го имаат против Тиквеш претстојниот викенд.

ПретходноГвардиола жестоко реагираше на пишувањата за Халанд
СледноСелекторот Грчевски го објави поширокиот список за дуелите со Шпанија!