Марко Баковиќ беше човекот од одлука во редовите на МЗТ Скопје на последната средба во Нови Сад. Кошаркарот на актуелниот македонски првак во последната минута и пол против Војводина постигна шест поени и имаше една монструозна блокада.
Сето ова беше доволно за да „сино-белите“ го запишат третиот триумф, вкупно седми сезонава во АБА2-лига и да се најдат на петтото место на табелата со 17 бодови, исто колку и Војводина која која е третопласирана.