Јирген Клоп си оди и сега може да каже што сака, го посочи виновникот пред камерите

4977

Јирген Клоп воопшто не е задоволен од арбитражата на Ентони Тејлор на натпреварот против Арсенал. Тој смета дека судијата е одговорен за многу од случувањата на теренот.

Тејлор подели огромен број картони, а „црвените“ го завршија мечот со негативен резултат бидејќи играчот на Ливерпул, Конате доби два жолти картони.

Клоп добро се сеќава што му направи овој судија во минатото. Тој тврди дека многу одлуки биле против неговиот тим.

„Денес многу работи беа против нас. Овој судија ми покажа црвен картон против Манчестер Сити поради Бернардо Силва и Мо Салах. Неверојатно. Тој му дава жолт картон на Конате затоа што Хаверц го држи. Габриел му го прави истото на Нуњез и ништо“, рече Клоп.

Германскиот стручњак сега зборува многу послободно. Свесен е дека може да добие парична казна, но тоа е апсолутно неважно за него за во иднина бидејќи за четири месеци заминува од Англија и во иднина таквите коментари нема да го засегаат.

Иако го означи судијата како виновник, тој спортски му ја честиташе победата на подобриот тим:

„На крајот на краиштата, мора да признаеме дека Арсенал беше подобар и ги заслужи трите бода“, изјави Јирген Клоп.

И покрај поразот, Ливерпул и натаму е водечки тим во англиската Премиер-лига. „Црвените“ имаат 51 бод, два повеќе од Арсенал и пет од Манчестер Сити.

ПретходноНикола Јокиќ со стара финта го понижи Ајтон (ВИДЕО)
СледноВо Реал ги загубија нервите, оштетени се за три пенали