Младинската екипа на одбојкарскиот шампион Струмица викендов учествуваше на меѓународен турнир во Полска, каде покрај домаќинот Јастржебски учествуваа и чешка Острава и полскиот тим Хутник Краков.
Во одлична атмосфера Струмица достоинствено ја претстави македонската одбојка, а одлично издание имаше нашиот јуниор Јован Милев, кој на крајот на турнирот беше прогласен за најкорисен играч.
Учеството на ваков турнир е од огромно значење за Струмица и за нашата одбојка. Од редовите на струмичкиот клуб во иднина се очекуваат и новите македонски репрезентативци во сениорска категорија.