Рајо Ваљекано на нашиот Столе Димитриевски загуби на домашен терен во мечот со Севиља од тековното 23. коло во Ла Лига. Лошата низа за тимот од Ваљекас продолжи и вечерва откако Севиља успеа со двата гола на Ен Несири уште во првото полувреме да го зададе финалниот удар.
Ен Несири во 19. минута ги доведе гостите во водство од 0:1 (ВИДЕО), а домашните успеаја да се вратат со погодокот на Палазон во 29. минута (ВИДЕО).
Со вториот гол во 45. минута, Ен Несири повторно ја врати Севиља во водство и за конечни 1:2 (ВИДЕО).