Чави Ернадeз во јуни си оди од Барселона, а цел фудбалски свет е во очекување на тоа кој ќе биде негов наследник на клупата на каталонскиот гигант.
Еден од најсериозните кандати за тоа место е Германецот Ханси Флик, кој со Баерн Минхен правеше чуда, но со селекцијата на Германија имаше катастрофални резултати.
Во 2020 Флик со “баварците“ во финалето го победи ПСЖ и ја освои ЛШ, а патот до тоа финале одеше и преку Барса која ја победи со неверојатни 8:2.
Како што пренесува “Билд“, Флик веќе почнал да го учи шпанскиот јазик и е во очекување да добие официјална понуда од страна на Хоан Лапорта.
Тој е посакувано име за фановите на овој клуб, ако се знае дека во негово време Баерн Минхен го играше најубавиот и најквалитетен фудбал во Европа. Напаѓачки и директен кон противничкиот гол, нешто што фановите на Барса тоа го посакуваат.