Работнички – Рудар Приједор 1:0 е епилогот од натпреварот за 3.место на “Медулин Купот 2024“. Стрелец на победничкиот гол за тимот на стратегот Гоце Седлоски бил Гандо Биала во 35.минута. Еден гол сосема доволно за победа и за освојување на тоа трето место на овој турнир.
На оваа средба Седлоски им даде шанса на следните единаесетмина да бидат стартери:
Илиќ, Деспотовски, Мисердовски, Садик, Бошковски, Гроздановским, Адем, Ангелов, Данев, Гандо и Мазари.
Во продолжение од средбарта шанса добија уште неколку играчи.
Ова беше уште една убава контрола за Седлоски да види до каде е формата на својата екипа во пресрет на стартот на пролетниот дел од тековната сезона.