Легендарниот словенечки ски-скокач Петер Превц објави пензија

160

Еден од најдобрите ски-скокачи, Петер Превц објави дека се пензионира на крајот на сезоната. Тоа значи дека Превц и официјално ќе се повлече од овој спорт на последното натпреварување на домашен терен во Планица на 24 март.
Превц оствари многу добри резултати во изминатите години. Тој беше првиот ски-скикач со прескокнати 250 метри, беше светски шампион во 2016 година, триумфираше во Светскиот куп во 2015/16, во 2015/16 беше најдобар на „Четирите скокалници“, освои по еден бронзен и сребрен медал на Олимписките игри.
Четири пати беше прогласуван за спортист на годината на Словенија.

Претходно„Страв лозје чува“ – во паника прават лажни вести со фалш мејлови
СледноШтрајк во КК Работнички – Не играме додена не нè исплатите