Невиден аматеризам: Само поради Пикси големиот талент на Баерн Минхен ќе игра за Германија а не за Србија!

18006

Факт е дека беше голем играч, еден од најголемите во историјата на овие простори. Но не се прослави ни како прв човек на Ц. Звезда, а уште помалку како селектор на Србија, освен на моменти и тоа поради квалитетот на неговите избраници и се пласира на ЕУРО 2024 само поради лудата среќа зошто Србија играше во најслабата квалификациска група во историјата на фудбалот.

Секако дека мислиме на Дрган Стојковиќ – Пикси, селекторот на Србија.

Инаку јавноста во таа земја е гневна на него и поради невидениот негов аматеризам во случајот со големиот талент на Баерн Минхен, Александар Павловиќ.

Овој фудбалер кој има само 19 години игра стандардно во Баерн Минхен, и поради тоа ФСС направи големи напори да го “натера“ да игра за Србија, за земјата од која потекнуваат неговите родители.

Но, Пикси не го повикуваше, демек бил млад, демек, ова па она, оние негови фори и фазони. Демек малиот не бил Пеле. Ова се неговите коментари за Павловиќ. А малиот е светска класа.

И најново е тоа што Павловиќ сега ќе игра на ЕУРО 2024, но во дресот на Германија. Такви се најавите од Јулиан Нагелсман, селекторот на “панцирите“. 

Замислете…

И што да каже човек за ваков селектор каков што Србија има?

Страшно….

ПретходноАко не најдат добар тренер, Лапорта и Деко ќе му дадат шанса на Маркез да ја води Барса
СледноЃорческа со победа го стартуваше ИТФ фјучрсот во Анталија