Во многу кратко време, сите билети кои беа пуштени во продажба за дуелот меѓу екипите на Е. Пелистер и Вардар во првото коло од плеј-офот во домашната Суперлига се распродадени.
Од редовите на шампионот вечерва потврдија дека веќе нема билети во продажба. Тоа значи дека трибините на салата „боро Чурлевски“ в сабота ќе бидат исполнети до последно место, битолчани ќе ја имаат огромната поддршка од своите фанови.