Ако не најдат добар тренер, Лапорта и Деко ќе му дадат шанса на Маркез да ја води Барса

432

Раководството на Барселона одлучи наследник на Чави како главен тренер на „блауграна“ да биде мексиканскиот стручњак Рафаел Маркез, кој е на чело на втортиот тим, под услов шефовите на каталонскиот клуб да не успеат да најдат адекватна замена за Чави.

Откако Чави објави дека ќе ја напушти Барселона на крајот од актуелната сезона, раководството на „блауграна“ претставено од претседателот Жоан Лапорта и спортскиот директор Деко, развиле патоказ за развој на спортскиот проект на каталонскиот клуб. Според овој план, Барселона ќе се обиде да склучи договор за ангажман со еминентен тренер со европско искуство.

Доколку оваа идеја не успее, клупата на тимот ќе му биде доверена на Маркез.

ПретходноГандо му донесе победа на Работнички!
СледноНевиден аматеризам: Само поради Пикси големиот талент на Баерн Минхен ќе игра за Германија а не за Србија!