Вардар со Колос на Евгениј Новак ја завршува мисијата „Анталија“

964

Средба од најубавите денови на Вардар ќе има денеска во Aнталија каде „црвено-црните“ ќе одиграат контролен меч со екипата на Колос од Украина, во чии што редови функцијата спортски диретор ја извршува Евгениј Новак. Стоперот кој долги години од 2015 до 2020 беше дел од бајката на Вардар кога овој тим газеше во земјава, а избори и место во Лигата на Европа.

Од таа генерација во Вардар сега се Филип Гачевски, Владица Брдаровски и Дарко Глишиќ.

Дуелот Вардар – Колос се иgра од 14 часот по наше време и тоа е последен тест за тимот на тренерот Горазд Михаилов во Анталија. Клубот мина одлични 11 дена во познатата турска база, каде се подготвува за вториот дел од сезоната. Украинците се на 9. место на табелата во нивната лига и важат за незгоден и стабилен клуб.

Вчера „црвено-црните“ имаа тренинг меч со младиот тим на Луцерн од Швајцарија на кој настапија и младите играчи на скопската екипа, а вистинскиот тест е овој денешниот, кој треба да биде една од последните проверки на Вардар пред дуелот со Гостивар на 18 февруари.

Вардаровата експедиција утре се враќа во Скопје.

ПретходноРома ќе го раскине договорот со Ренато Санчез
СледноСаудијците прават спектакл: Слем на шесте кралеви!