Екипата на Вардар ја забележа втората победа на подготовките во Анталија, а денеска е совладан украинскиот прволигаш Колос Ковалинка со 2:0. „Вардарци“ прикажаа добра игра, на моменти имаа и среќа, за на крајот стигнаа и до триумф.
Во финишот на првото полувреме паднаа двата гола. Прво Лемос го доведе Вардар во водство во 41 минута, две минути подоцна еден играч на Колос со шут од далечина ја затресе стативата од вардаровиот гол. Веќе во наредната акција на нафрлување од десната страна Марјан Ристовски – Швајц со глава го совлада противничкиот голман.
Пет минути во второто полувреме пенал за Колос. Топката заврши во пречката и Вардар се извлече во оваа ситуација. Имаа „вардарците“ неколку шанси на овој меч, а генерално одиграа солидно.
Претходната победа беше против узбекистански Металург со 2:0.