Вилијамс и Заубер ги претставија новите болиди (ФОТО)

132

Ф1 тимовите на Вилијамс и Заубер ги претставија новите болиди за сезоната 2024. Вилијамс го откри својот нов болид на презентацијата која се одржа во Њујорк.

Алекс Албон и Логан Сарџент ќе продолжат да возат за Вилијамс и во новата сезона. Финалната верзија на новиот болид на Вилијамс, означена како FW46, ќе биде прикажана и на претсезонските тестови во Бахреин.

Заубер, кој оваа сезона е со нови спонзорски договори со компаниите Stake и Kick (платформа за стриминг), во следните две сезони ќе гo користи името „Стејк тим“ до целосно спојување со Ауди и добивање статус на фабрички тим за 2026 година. На презентацијата беа покажани фотографии од виртуелен автомобил.

Валтери Ботас и Чоу Гуанју ќе продолжат да возат за тимот наредната сезона.

ПретходноЃорческа со победа го стартуваше ИТФ фјучрсот во Анталија
СледноОдредени термините за завршниот турнир од Купот на Македонија