Меси: Се чувствувам подобро, но не знам дали ќе играм во Јапонија

174

Напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси изјави дека не е сигурен ниту за негово учество на пријателскиот натпревар против јапонски Висел Кобе закажан за 7 февруари.

Во неделата во Хонг Конг, Интер Мајами одигра пријателски меч, но Меси го помина целиот натпревар на клупата поради истегнување на тетивата.

„Не знам дали ќе можам да играм. Но, се чувствувам многу подобро и се надевам дека ќе можам да излезам на теренот. Ќе тренираме попладнево и ќе се обидам“, рече Меси.

Тој рече дека на првиот натпревар во Саудиска Арабија почувствувал проблеми со препоните. Потоа му била направена магнетна резонанца која не покажала ништо, но сепак чувствува непријатност.

ПретходноСаудијците прават спектакл: Слем на шесте кралеви!
СледноРеал се лути, но Мбапе е решен да игра на ЛОИ во Париз