Младите кошаркарски селекции ги дознаа противниците за претстојните младински првенства кои ќе се играат ова лето. Имено денеска беше извршена ждрепка за групните фази за континенталните собири.
Па така нашата машка У-16 селекција, ќе биде домаќин на ЕП во Скопје кое ќе се одржи од 8 до 17 август. Македонија се најде во групата – Д и тоа заедно со селекциите на Естонија, Шведска, Украина и Австрија.
Од 26 јули до до 4 август, исто така во Скопје, ќе се одржи ЕП во Б-дивизијата за У-18 селекции.
Нашата селекција ќе биде во групата – Ц заедно со Чешка, БиХ, Украина и Ирска.
Младинската репрезентација ќе биде учесник на ЕП кое од 13 до 21 јули ќе се одржи во Гдањск (Полска) и ќе игра во групата – Ц заедно со Шпанија, Турција и Белгија.
Женската У-18 селекција на Македонија од 2 до 11 август во Плоешти (Романија) и во групата – А ќе игра со селекциите на Грција, Ирска, Бугарија и Норвешка.