Најдобриот стрелец во историјата на Египет е нов селектор на репрезентацијата

424

Најдобриот стрелец во египетската историја од денеска го презема и кормилото во фудбалската репрезентација. 

Египетскиот фудбалски сојуз соопшти дека 57-годишниот Хусам Хасан станува нов селектор на националниот тим. Како играч, тој трипати го освои Африканскиот Куп на нации и е најдобар стрелец во египетската селекција со 68 гола на 176 натпревари.

Претходно вчера, Египет му врачи отказ на Руи Виторија, откако селекџијата беше елиминирана во 1/8-финалето на Африканскиот куп од ДР Конго.

ПретходноШтутгарт двапати водеше, но Баер (Л) со пресврт до полуфинале во Купот
СледноВо Њујорк на Дончиќ му скандираа „МВП“, погледнете зошто (ВИДЕО)