Невообичаена сцена беше видена на натпреварот во Ла Лига синоќа меѓу Рајо Ваљекано и Севиља кога еден локален навивач направи многу грд потег.
Имено, додека фудбалерот на Севиља, Лукас Окампос изведуваше аут, еден млад човек од првит редови на трибините го пикна прстот во задникот на Аргентинецот.
Аргентинецот се сврте и со прекор го погледна навивачот, додека неколку фанови кои беа во близина се смееја на невкусната шега на младиот навивач Рајо.
За овој несекојдневен потег делегатот го известил судијата Ернандез Маесо, па против Рајо ќе биде покрената дисциплинска постапка.
— Out Of Context Football (@nocontextfooty) February 5, 2024