Ново правило кое ќе го промени англискиот фудбал

2205

Англиската фудбалска асоцијација ќе направи промена во фудбалот каква што не е видена во 155-годишната историја, пренесува весникот „Тајмс“. Станува збор за привремено отстранување од игра на 10 минути на фудбалер кој направил груб тактички фаул или се спречкал со судијата. Мерката се очекува да почне да се применува од сезоната 2024/25 и тоа за почеток во ФА Купот.
Се чека само одлуката на Бордот на Меѓународната фудбалска асоцијација (ИФАБ), кој е одговорен за промените на правилата.

Оваа иновација е тестирана на детско и младинско ниво од сезоната 2019/20, но се уште не е искористена на повисоко ниво. Суспензијата се користи во рагби и хокеј на мраз, каде што се покажа дека има застрашувачки ефект врз грубоста на играчите.

Претходно“Олд Трафорд“ ќе се реконструира, капацитетот ќе биде 90.000 места!
СледноРомарио: Само двајца во историјата се подобри од мене