Расел и МЗТ Скопје го раскинаа договорот

166

Американецот Седрик Расел од денеска и официјално повеќе не е кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром, откако со него беше потпишан спогодбен раскин на договорот.

Оваа одлука e донесена во заеднички интерес, со цел двете страни да пронајдат подобри опции за до крајот на сезоната. Американскиот бек во домашното првенство одигра 13 средби со просечна реализација на 10 поени со не баш сјајна 39,8-отстотна прецизност, додека во АБА2 настапи на осум меча со просек од 13 поени со за нијанса попрецизен шут.

ПретходноСимеоне: “Лука, Лука….дојди да играш кај нас“ (ВИДЕО)
СледноВардар триумфално против украински Колос (видео)