Реал се лути, но Мбапе е решен да игра на ЛОИ во Париз

800

Килијан Мбапе ќе игра на Олимпијадата во Париз оваа година и покрај незадоволството на Реал Мадрид, кој ќе биде негов нов клуб.

По Евро 2024, напаѓачот на ПСЖ има намера да учествува на фудбалскиот турнир на Игрите во Париз, кој ќе се одржи од 24 јули до 10 август. Тоа наводно бил и еден од условите кои Мбапе ги поставил во преговорите со „кралскиот клуб“.

Според некои шпански извори, Реал Мадрид, не сакал Мбапе да игра на Олимпијадата, но нема да му прави опструкции и покрај преголемиот обем на работа на напаѓачот и неговото комплетно отсуство од претсезоната на мадридскиот клуб.

ПретходноМеси: Се чувствувам подобро, но не знам дали ќе играм во Јапонија
СледноСо печати, нотари, изводи… денеска се промените во МОК!