Рики Рубио и официјално стана член на Барселона. Според „Марка“, договорот е потпишан до крајот на сезоната 2023/24.
Каталонците успеаја во „минута до 12“ да го договорат Рубио, бидејќи рокот за пријавување на нови играчи во Евролигата истекува на 7 февруари. Рубио се врати од НБА поради психолошки проблеми. Го раскина договорот со Кливленд Кавалирс, откако последниот натпревар го одигра во плеј-офот минатата година.
Поради грижа за менталното здравје, тој го откажа и учеството за репрезентацијата на Шпанија на Светското првенство.