РК Охрид ќе ја има поддршката на “Рибарите“ на гостувањето кај Бутел!

244

РК Охрид во преодниот рок најмногу се засили и важи како еден од фаворитите за висок пласман во нашата елитна ракометна лига. Во сабота почнува плеј-офот во Суперлигата, а Охриѓани му гостуваат на Бутел во Скопје.

Интересно е тоа што верните фанови на овој тим, „Рибарите“ се мобилизираат и ќе патуваат во Скопје со цел да им ја дадат поддршката на своите миленици.

Во пресрет на овој меч свој коментар има и Милорад Кукоски:

Во очекување сме на првиот плеј – оф натпревар со Бутел на гости. Сите знаеме дека во овој дел од сезоната нема лесен противник. Треба да бидеме максимално сконцентрирани и посветени на тоа што го работиме за на крај да бидеме екипата што ќе се радува“ изјави Кукоски.

ПретходноРајковиќ со порака до Русите: Јас и Нено сме Македонци, не постојат Северномакедонци!
СледноМиовски повторно во тимот на колото! (ФОТО)