Од Саудиска Арабија доцна синоќа стигна најава за голем тениски спектакл наречен „Слем на шесте кралеви“.
Како што е најавено, станува збор за турнир на кој ќе учествуваат шесте, веројатно, најдобри светски тенисери. Листата ја предводи светскиот рекет бр. 1, Новак Ѓоковиќ, а тука се и Рафаел Надал, Карлос Алкараз, Јаник Синер, Данил Медведев и Холгер Руне.
Овој турнир ќе се организира во средината на АТП сезоната, но датумот се уште не е познат.
Исто така, останува да се види во каков формат ќе се играат натпреварите.