Штрајк во КК Работнички – Не играме додена не нè исплатите

706

Таман се очекуваше дека КК Работнички ги надминал финансиските проблеми и следуваат подобри денови, но изгледа не е така. Кошаркарите и стручниот штаб на клубот од Градски парк започна штрајк поради неисплатени плати и нема да тренираат додека не им се исплатат истите.
На играчите им се должат по 2-3 плати (во зависност од тоа кој кога дошол во клубот) од тековната сезона. Во штрајкот се вклучени играчите, тренерите и сите вработени во клубот.
Револтирани сме и од негрижата за тимот бидејќи исто така поради неисплатени плати, во главниот дел од сезоната останавме без кондициски тренер затоа што си замина Кристијан Кајчевски.
Сметаме дека заслуживме подобар однос со досегашните резултати затоа што екипата се наоѓа во серија од шест победи, остваривме триумфи против некои од најголемите ривали за титулата, го победивме МЗТ Скопје првпат по три години и се доближивме дури и до првото место на табелата. Освен тоа, направивме хемија во тимот, гинеме сите за еден и тоа се чувствува во секој сегмент од нашето функционирање.

Ако не бидеме исплатени, екипата нема да отпатува на претстојниот натпревар против Еуро Никел, во следното коло од домашното првенство, без оглед на сите консеквенци со кои би се соочиле како клуб“, се вели во соопштението од кошаркарите и тренерите на Работнички.

ПретходноЛегендарниот словенечки ски-скокач Петер Превц објави пензија
СледноСимеоне: “Лука, Лука….дојди да играш кај нас“ (ВИДЕО)