Ѓорческа со победа го стартуваше ИТФ фјучрсот во Анталија

75

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го помина првото коло на ИТФ фјучрсот во Анталија, Турција. Таа славеше победа над Маделиеф Хагеман од Холандија 6:2 и 6:2 во сетови.

Ѓорческа е рангирана како трета носителка.

Лина во среда ќе игра и во конкуренција на двојки заедно со Ева Ведерер од Холандија, а противнички им се јапонската двојка Козаки-Аикава.

Лина и Ведерер се рангирани како втори носителки.

ПретходноНевиден аматеризам: Само поради Пикси големиот талент на Баерн Минхен ќе игра за Германија а не за Србија!
СледноВилијамс и Заубер ги претставија новите болиди (ФОТО)