Раководството на Барселона одлучи наследник на Чави како главен тренер на „блауграна“ да биде мексиканскиот стручњак Рафаел Маркез, кој е на чело на втортиот тим, под услов шефовите на каталонскиот клуб да не успеат да најдат адекватна замена за Чави.
Откако Чави објави дека ќе ја напушти Барселона на крајот од актуелната сезона, раководството на „блауграна“ претставено од претседателот Жоан Лапорта и спортскиот директор Деко, развиле патоказ за развој на спортскиот проект на каталонскиот клуб. Според овој план, Барселона ќе се обиде да склучи договор за ангажман со еминентен тренер со европско искуство.
Доколку оваа идеја не успее, клупата на тимот ќе му биде доверена на Маркез.