Вардар не го заборави Евгениј Новак (ФОТО)

696

На денешниот натпревар во Анталија кој екипата на Вардар го одигра против украинската екипа Колос, „црвено-црните“ се сретнаа со некогашниот „вардарец“ Евгениј Новак, кој сега е во стручниот штаб на украинскиот тим.

„Му се заблагодаривме за стореното во црвено црниот дрес, за 5-те години поминати во клубот во кои забележа 168 настапи, освои 3 шампионски титули и беше дел од еден од најголемите клупски успеси во историјата, учеството во групната фаза на Лига Европа“, објавија од Вардар.

ПретходноМиовски не запира: Го „тресна“ и Глазгов Ренџерс (ВИДЕО)
СледноПелистер се пофали: Дербито со Вардар е комплетно распродадено!